Неверојатни сцени на УС Опен – прекинат меч при 6-1, 5-4, 40-40!

Организаторите на УС Опен повторно имаат сериозни проблеми со временските услови. Дождот во првите денови од турнирот предизвикува бројни прекини и одложувања, бидејќи само „Артур Еш“ и „Луис Армстронг“ имаат покрив.

Така беше и во вторникот, кога дел од мечевите успеаја да завршат според планираното, но многу дуели беа прекинати или одложени. Меѓу нив се најде и пресметката меѓу Дарија Касаткина и Паула Бадоса.

Шпанската тенисерка имаше убедлива предност од 6-1, 5-4, а во моментот кога требаше да сервира за победа, дождот повторно ги натера тенисерките да го напуштат теренот. Бадоса претходно пропушти две брејк, односно меч-топки, па сигурно ќе жали за пропуштената шанса да го затвори натпреварот.

Мечот ќе продолжи од овој гем при резултат 40-40, а победничката во второто коло ќе се соочи со Коко Гоф.