Неверојатната Барти победи со 6-0, 6-0 и израмни во финалето на Фед Купот

Ешли Барти, најдобрата тенисерка на светот во овој момент, уште еднаш ја покажа својата моќ и за само 55 минути донесе значајна победа за својата селекција, Австралија, во финалето на Федeрејешн Купот. 

Во првиот ден од борбата за титулата во ова натпреварување, најпрво Франција преку победата на Кристина Младеновиќ над Томијановиќ со 6-1, 6-1 стигна до водство од 1-0, но најголемиот адут на Австралија идентично возврати и со „чист“ триумф од 6-0, 6-0 над Гарсија израмни на 1-1. 

Женската ФЕД Куп репрезентација на Франција на овој трофеј чека од 2003 година, додека Австралија од 1974 година. Освојувачот на овогодишниот Куп ќе биде познат утре, кога ќе се одиграат останатите натпревари во сингл и двојки.