Неверојатен податок: Надал врати 90 од вкупно 94 сервиси на Ѓоковиќ!

Рафаел Надал на убедлив начин се радуваше на 20 Грен слем титула и во финалето на Ролан Гарос го победи Новак Ѓоковиќ со 6-0, 6-2 и 7-5. 

Сепак, Шпанецот прикажа неверојатна партија и во речиси сите сегменти беше одличен, а наверојатен податок се појави ден по натреварот. Надал во финалето успеал да врати 90 сервиси од вкупно 94 на Новак. 

Тоа е неверојатен процент на вратени удари, што го остави Ѓоковиќ само на четири аса, кои сите беа на прв сервис (61 од 65), додека Надал успеа да ги врати сите втори сервиси (29 од 29) на противникот. 

И покрај титулата и израмнувањето на вечната листа со Роџер Федерер, предноста на Новак Ѓоковиќ на АТП ранкингот порасна и остана прв светски рекет.