• Сашо Поповски

Шпанскиот тенисер и владетелот на турнирите на земјени подлоги, Рафаел Надал го освои Мастерсот во Мадрид и се израмни со Новак Ѓоковиќ на врвот од листата на освоени титули. Рафа со 2-0 (7-6, 6-4) го победи Доминик Тием од Австрија и стигна до 30. Мастерс трофеј во својата кариера.
05:
06:
07:
08:
09:
10:
11:
12:
13:
14:
16:
17:It's THIRTY Masters 1000 titles for Rafa Nadal! pic.twitter.com/aGTH2MfBOC
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) May 14, 2017
Со оваа победа, Надал стигна до третата титула на земјена подлога од исто толку одиграни турнири оваа сезона. Следен предизвик за тенисерот од Мајорка ќе биде Мастерс натпреварувањето во Рим, кое започнува утре и ќе трае до 21 мај.