Немаше место за Ѓоковиќ на Тимот на Европа за Лејвер Купот

Новак Ѓоковиќ нема да биде дел од овогодишниот Лејвер Куп, кој во септември ќе се одигра во Швајцарија. 

Најдобриот рекет на светот минатата година беше дел од овој турнир кој се одржа во Чикаго, но оваа сезона Тимот на Европа ќе го сочинуваат Надал, Федерер, Фоњини, Тием и Зверев. 

Селектор на европскиот тим е Бјерн Борг, додека предводник на Тимот на Светот ќе биде Џон Мекинро, кој дополнително ќе го објави својот состав. Лејвер Купот е натпреварување кое е иницирано од Род Лејвер и Роџер Федерер, а во септември Женева ќе биде домаќин на третото издание. 

Претходно домаќините беа Чикаго и Париз.