„Немам страв кога играм против Федерер, Ѓоковиќ или Надал“

Дел Потро

Аргентинскиот ас Хуан Мартин Дел Потро не го достигна максимумот од својот потенцијал, најмногу поради тешката повреда на коленото.

Сега кога повторно се врати во солидна форма, 30-годишникот посакува уште неколку Грен слем трофеи. И подготвен е за истите да се бори против најдобрите тенисери во светот, вклучувајќи ги Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

„Не ми е страв кога играм против нив. Тие се добри, но знам дека ако сум на 100%, можам да ги победам. Сум ги победувал во минатото. Не е лесно и тие се голем предизвик за мене и моите можности во моментов.

Полека се враќам во посакувана форма. Ранкингот повеќе не е важен за мене. Сакам само да сум здрав и да се вратам на масимална подготвеност“, вели аргентинскиот тенисер.

До крајот на сезоната има уште два Грен слем турнири, а Дел Потро никогаш не победил на Вимблдон, но затоа ја освои единствената голема титула на УС Опен во 2009 година.