Нема промени на врвот во ВТА, младата Швјонтек со напредок од 37 позиции

Младата полска тенисерка, Ига Швјонтек се закити со првата Грен слем титула, откако на импресивен начин стигна до славје на Ролан Гарос. 

Швјонтек без загубен сет го освои престижниот турнир во Париз, а поради тоа забележа и неверојатен скок на ВТА ранг листата која се обнови денес. Полската тенисерка сега го зазеде 17 место на ранкингот што е напредок од 37 места, но без сомнение во наредните години дополнително ќе напредува. 

Финалистката која и се спротивстави на Швјонтек, Софија Кенин од денес се наоѓа на четвртата позиција и напредуваше две места, бидејќи зад себе има и титула на Австралија Опен. 

Промена на врвот од ВТА листата нема, Ешли Барти и покрај неиграњето е недопирлива, а Симона Халеп и Наоми Осака кои потфрлија во Париз останаа на второто и третото место. Петта е Свитолина, а во топ 10 се уште Плишкова, Андреску, Квитова, Бертенс и Вилијамс.