Нема промени на врвот во АТП, Ѓоковиќ ја започна 291. седмица како прв ас

Новак Ѓоковиќ ја започна 291. недела како прв играч на АТП ранг листата. Нема промени на врвот од минатонеделното рангирање, пред сè бидејќи најдобрите тенисери не играа никаде. 

Првиот светски ас во моментов се бори за влез во историјата и на вечната листа го брка Роџер Федерер кој има 19 седмици повеќе од него на чело од АТП ранкингот. Ѓоковиќ освен тоа брка уште еден рекорд, на Пит Сампрас. Доколку тој ја задржи првата позиција на крајот од годината, ќе се израмни со Американецот со по шест календарски години на врвот. 

Најголем скок оваа седмица имаше Ласло Ѓере, кој ја освои титулата на Сардинија и скокна 21 место, па сега е 53-ти тенисер на светот. Очекувано, напредок има и Андреј Рубљов, кој со освојувањето на турнирот Санкт Петербург е осми, а од топ десет испадна Гаел Монфилс