Нема дилема кој е „крал“ на тенисот во изминатата декада

Надал Ѓоковиќ

Декадата полека се ближи кон крајот, па време е да се направи анализа на случувањата во изминатите десет години во тенискиот свет. Бројките покажуваат дека нема никаква дилема, кога е во прашање „кралот“ и човекот кој доминираше меѓу конкуренцијата.

Новак Ѓоковиќ е апсолутен владетел на декадата која изминува, бележејќи фантастични резултати кои му донесоа место меѓу најдобрите во историјата. Тој сè уште не го кажал својот последен збор во кариерата, па пред него има уште многу предизвици, кои значително ќе ја продлабочат неговата легенда.

Со победа на 90,56% од своите мечеви на Грен слем турнирите, Србинот е на врвот на листата најуспешни тенисери. Го следи Рафаел Надал со 88,04%, а потоа следува нивниот вечен ривал Роџер Федерер со 84,15%.

Кога е во прашање билансот на сите натпревари, одново Ѓоковиќ е пред останатите со 87,64%. И повторно стои пред Надал и Федерер, кои останаа во сенка на 33-годишникот од Белград.

Српскиот ас е најдобар и по бројот на победи против тенисери од Топ 10, најдобра форма под притисок, а заостанува зад Надал само на турнирите на земјена подлога. Таму стои на второто место, како единствен кој ја надмина ефективноста над 80%, заедно со Шпанецот.

Фановите очекуваат пад на „големата тројка“ во новата декада, кога тие полека ќе се подготвуваат за пензија. Меѓутоа првите неколку сезони одново ќе бидат тие кои ќе се прашуваат за најголемите титули.