Нема дерби во првото коло, Грен слем финалист се откажа од АО

Италијанскиот тенисер Матео Беретини го откажа настапот на Австралијан опен, па турнирот во Мелбурн уште пред официјалниот почеток остана без еден од најатрактивните дуели во воведната рунда.

Со повлекувањето на Беретини пропадна мечот против Алекс де Минер, кој според ждрепката требаше да биде еден од највозбудливите во првите денови на турнирот. Италијанецот одлуката ја соопшти непосредно пред стартот, нагласувајќи дека здравствената состојба не му дозволува настап на највисоко ниво. Како што објасни Беретини, повторно има проблеми со стомачните мускули и не е во можност да издржи потенцијално долг меч во три добиени сета.

„Морам да се повлечам од Австралијан опенот. Повторно чувствувам проблем со стомачните мускули. Не би бил подготвен за меч во пет сета“, порача Беретини.

Во својата кариера Беретини најдалеку стигна до четвртфиналето на Австралија Опен, додека најголемиот успех на Грен слем турнирите му е финалето на Вимблдон.