„Некои мислат дека Ѓоковиќ е како Дарт Вејдер, а Федерер сите го сакаат“

Легендарниот Џон Мекинро смета дека за популарноста на тенисот е исклучително важно да има нови момци со силен карактер, бидејќи претходната деценија и пол во фокусот беа само Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

„На тенисот му требаат интересни личности. Без разлика дали мислите дека тој е лошо момче... Некои мислат дека Ѓоковиќ е како Дарт Вејдер, а сите го сакаат Федерер. Не е како во тимските спортови, каде навивате за тим од вашиот град или од вашата земја. Играчите треба да ја покажат својата личност“, вели Мекинро.

Во центарот на вниманието на Австралија Опен е Ник Кирјос, кој во конкуренција на двојки со партнерот со Танаси Кокинакис стигна до финалето. 

„Се надевам дека Ник ќе го искористи искуството во двојки на сличен начин како јас. Чувствувам дека играта во двојки може да те направи подобар играч во сингл. Несомнено е дека тој е оној кој ја забавува публиката. Би сакал да го гледам тој напор на Ник на теренот почесто и во сингл“, додава Мекинро.

На Грен слемот во Мелбурн оваа сезона настапува само Рафеал Надал, кој се пласира во полуфиналето. Ѓоковиќ поради проблеми со визата беше депортиран, додека Федерер не отпатува поради повреда.