Некогашната финалистка на Вимблдон пак кошмарно се повреди

Сабина Лисицки, некогашната финалистка на Вимблдон, никако да крене глава од повреди и повторно ја чека пауза од неколку месеци.

31-годишната Германка заработи повреда за време на турнирот во Линц, Австрија. Ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото и ја чека неколкумесечна пауза. Ова не е првпат Лисицки да заработи тешка повреда.

Тенисерката некогаш беше меѓу најдобрите на големите турнири, а во моментов се наоѓа на 690 позиција на ВТА-листата.