Некогашна освојувачка на Ролан Гарос обвинета за расизам: „Ќе те видам надвор од САД“ (ВИДЕО)

По натпреварот од второто коло на УС Опен помеѓу Јелена Остапенко и Тејлор Таунсенд, избувна вербална расправија. Американката победи со 7-5, 6-1, а Летонката јавно се пожали за однесувањето на однесувањето на ривалката.

По расправијата, Таунсенд излезе на теренот да ги поздрави публиката и навивачите, од кои побара поддршка, но и исвиркувања за Остапенко.

„Тоа е натпревар. Луѓето се лутат кога губат. Некои луѓе зборуваат лоши работи. Таа рече дека немам квалитет и образование и дека ќе видиме што ќе се случи кога ќе играме надвор од САД“, рече Таунсенд.

Остапенко брзо излезе да објасни што се случило.

„Ова е непочитување и е спротивно на правилата на тенисот. Ѝ кажав на противничката дека не покажала никакво почитување, бидејќи не се извинила кога добила поен на среќа. Ми рече дека воопшто не мора да се извинува. Ова ми се случува првпат. Само затоа што игра во својата земја не значи дека може да се однесува така и да прави што сака. 

На почетокот на натпреварот, загревањето започнува од основната линија, а таа отиде директно на мрежата, што е спротивно на правилата. Ви благодарам на сите за поддршката. Ќе се вратам посилна. Вакви ситуации ме мотивираат“, напиша некогашната освојувачка на Ролан Гарос.

Поради овој инцидент Остапенко од американската јавност беше обвинета за расизам.