„Не верувам дека Федерер ќе се пензионира по крајот на сезоната“

Живата тениска легенда, Роџер Федерер, не планира по завршувањето на оваа сезона да стави крај на својата богата кариера, но засега не може да гарантира дали на АТП турот ќе биде и во наредната 2020 година, открива неговиот тренер Северин Лути. 

Швајцарецот пред една седмица не успеа да ја одбрани титулата на Австралија Опен, а со оглед на тоа дека има 37 години сè повеќе се шпекулира за негово пензинирање. 

"Тој има 37 години, и нормално не може да гарантира дека ќе игра уште три или пет години. Она што во овој момент можам да го кажам е дека Федерер веројатно нема да се пензионира на крајот на сезоната, бидејќи неговите подготовки ќе беа далеку поразлични. Тој не знам уште колку ќе игра, и сè уште нема донесено конечна одлика“, вели Лути.,

Следен предизвик за Федерер ќе биде турнирот во Дубаи, а сè по извесно е дека по две години пауза, повторно ќе настапи на натпреварувањата на земјена подлога.