„Не сум видел некој да го сака тенисот повеќе од Федерер, само Надал може да се спореди“

Поранешниот светски тенисер број еден Матс Виландер го коментираше враќањето на теренот на Роџер Федерер.

Швајцарецот оваа недела ќе настапи на турнирот во Доха, што ќе биде негово враќање по пауза од повеќе од една година, Поради овој факт, Виландер е импресиониран од Федерер за кого вели дека го обожава тенисот, но и дека неговото враќање сигурно нема да биде лесно.

„Мислам дека враќањето на Роџер Федерер на скоро 40 години е добро, но и ризично. Пред сè, тој покажува неверојатна страст за спорт што го познава толку добро. Никогаш не сум сретнал некој што сака тенис како него. Само Надал може да се спореди со него, тој вистински живее за овој спрот“, рече Виландер.

Федерер во второто коло на турнирот во Доха ќе се сретне со Еванс, кој денес со 2-1 во сетови беше поуспешен од Шарди.