Навоне: Сè беше како на сон, го победив најдобриот на сите времиња

Маријано Навоне приреди огромна сензација на стартот на УС Опен, откако по маратонска битка од четири часа и 36 минути го елиминираше Новак Ѓоковиќ со 7-6, 5-7, 4-6, 6-2, 6-1.

Аргентинецот првпат во кариерата го совлада освојувачот на 24 Грен слем титули, а по мечот не можеше да ги сокрие емоциите. За него, победата над Ѓоковиќ беше остварување на детскиот сон.

„Неверојатно е. Да одиграте пет сета против најголемиот на сите времиња и да го победите... Пресреќен сум. Навистина не знам што да кажам. Играв против еден од моите идоли и сè беше како сон. Сериозно, ова е остварување на сонот, сто отсто. Го победив најдобриот тенисер на сите времиња“, изјави Навоне.

Ѓоковиќ водеше со 2-1 во сетови и имаше брејк предност на почетокот на четвртиот, но потоа физичките проблеми сериозно го ограничија. Навоне ја искористи ситуацијата, остана смирен и освои 12 од последните 15 гема за најголемата победа во кариерата.