„Навивам за Надал, ама плачев поради Ѓоковиќ“

Новак Ѓоковиќ не успеа да го освои календарскиот Грен слем, но и да стане најтрофејниот тенисер во светот по бројот на трофеи од турнирите од „големата четворка“.

Во финалето на УС Опен беше поразен од Данил Медведев, а во самиот финиш и по мечот се расплака, поради бурата од емоции предизвикана од скандирањето на публиката во Њујорк, што во минатото не беше чест случај.

Тоа емотивно го доживеа и  втората тенисерка на ВТА листата, Ига Швјонтек, која е позната како голем фан на Рафаел Надал.

„Не сум фан на Ѓоковиќ, како девојка идол ми беше Надал. Но, навивав за Новак да го освои календарскиот Грен слем, бидејќи мислев дека тој го заслужува тоа. И ако некој може да го освои, тоа е само тој. Затоа плачев кога го загуби финалето на УС Опен“, рече Швјонтек.

Ѓоковиќ има дваесет Грен слем трофеи, исто колку и Надал и Федерер, од кои најмногу освои на Австралија Опен (девет).