Наваро немоќна, Сабаленка доминантно до четвртфинале на Ролан Гарос

Белорусинката Арина Сабаленка се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос откако ја совлада Американката Ема Наваро со 6-2, 6-3.

Втората тенисерка на светот славеше против 24-тата на ВТА листата по 69 минути игра. Сабаленка ја контролираше играта од почетокот на мечот и на крајот направи два брејка во двата сета, а на свој сервис ѝ препушти на противничката само десет поени.

Белорусинката во четвртфиналето ќе игра со победникот од пресметката меѓу Мир Андрејева и Варвара Грачева.

За пласман во полуфиналето на Ролан Гарос ќе се бори и Јасмин Паолини, која по речиси два часа игра ја совлада Русинката Елина Аванесјан со 4-6, 6-0, 6-1 и Казахстанката Јелена Рибакина која ја совлада Украинката Јелина Свитолина со 6-4, 6-3.