Наоми Осака работи на кам-бек, целта е да заигра во Мелбурн

Американската тенисерка Наоми Осака би можела да се врати на терените. 25-годишната Американка се мачи со менталното здравје и поради тоа точно една година не се натпреварува. 

Сепак, Осака најавува свој кам-бек. Таа би можела да заигра на првиот сезонски Грен слем во 2024 година, Австралија Опен. 

„Несомнено следната година ќе играм повеќе турнири од оваа. Не знам како ќе мине стартот на сезоната. Не знам ниту какво ќе биде моето ниво на играта, морам да се вратам тивко. Ќе си поставам цел да ја завршам годината“, изјави Осака. 

Во моментов Осака се наоѓа на 603 место на ВТА листата, а причината за тоа е неактивноста. Сепак, доколку сака да заигра во Мелбурн, големи се шансите да добие „вајлд-карта“. Осака е четирикратна освојувачка на Грен слем турнирите, двапати победи на Австралија Опен и двапати на УС Опен.