Најголема титула за Анисимова во кариерата на турнирот во Доха

Американката Аманда Анисимова е шампионка во сингл конкуренција кај дамите на турнирот кој се одржа во Доха, Катар.

23-годишната тенисерка во финалето ја победи Летонката Јелена Остапенко со 2-0 во сетови, по резултат 6-4, 6-3. Ова е најголемата титула во кариерата на девојката која многумина ја сметаат за голем тениски талент.

Со триумфот во Доха, Аманда Анисимова влегува во ТОП-20 тенисерки во светот за првпат во својата кариера.