Најдобрите на исти места, минимален скок на Ивановски и Србљак

Најдобриот светски тенисер по бројот на Грен Слем титули, Новак Ѓоковиќ, остана на петтата позиција на најновата АТП ранг-листа со 4.630 поени, во неделата по АТП турнирот во Штутгарт.

На врвот на листата и понатаму се наоѓа Италијанецот Јаник Синер со убедливи 10.880 поени, пред шпанската ѕвезда Карлос Алкараз, кој е втор со 8.850 поени. Третата позиција му припаѓа на Германецот Александар Зверев со 6.500 поени.

Американецот Тејлор Фриц, благодарение на својата победа на турнирот во Штутгарт, направи скок од три места и сега е четвртиот тенисер во светот со 4.735 поени. На шестото место падна Британецот Џек Дрејпер, додека во првите десет се најдоа уште Италијанецот Лоренцо Мусети, Американецот Томи Пол, Данацот Холгер Руне и уште еден Американец – Бен Шелтон, кој со овој рангирање го постигна најдобриот пласман во својата кариера.

Од македонските тенисери, Калин Ивановски скокна за девет позиции и се наоѓа на 961 место, додека Горазд Србљак напредна три позиции и се наоѓа на 1355 место.