Најдобрата тенисерка на светот без борба до полуфинале во Њујорк

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка без борба се пласираше во полуфиналето на УС Опен. 

Причината за таквиот исход беше повлекувањето на Маркета Вондроушова пред мечот од четвртфиналето кој требаше да се одигра ноќеска на „Артур Еш“ во Њујорк. Полската тенисерка поради повреда на коленото мораше да го предаде четвртфиналето. 

„Многу ми е жал што морам да објавам дека го предавам мечот од четвртфиналето на УС Опен. Причина за тоа е повредата на коленото. Дадов максимум за да бидам во можност да играм, но уште на загревањето почувствував болки и по консултации со лекарскиот тим решивме да не ризикуваме“, прокоментира Вондроушова.

Полуфинална ривалка на Сабаленка ќе ѝ биде домашната тенисерка Џесика Пегула. Борба за место во второто полуфинале ќе водат Мухова против Осака и Швјонтек со Анисимова.

ФОТО/PHOTO: US Open Tennis/Twitter