• Мартин Танасковски
Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек победи во „малото финале“ на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) и го освои бронзениот медал.
Првата тенисерка на ВТА-листата беше подобра во мечот со Ана-Каролина Шмиедлова, која ја совлада со 2-0 во сетови (6-2, 6-1). Мечот траеше еден час, а Полјачката беше доминантна во однос на ривалката и заслужено слави.
За Швјонтек, која доминира во женскиот тенис, ова беше прв олимписки медал во кариерата.



