Најдобрата на ВТА листата експресно испадна од олимпискиот турнир во Токио

Ако на машкиот турнир немаше изненадувања на вчерашниот старт и мечевите од првото коло, девојките денес приредија неколку сензации. Секако најголема е елиминацијата на светскиот рекет број еден Ешли Барти.

Австралијанката загуби од шпанската тенисерка Сара Тормо со 2-0 сетови (6-4, 6-3), 3-6, за еден час и 35 минути игра. Французинката Фиона Феро е следен предизвик за младата шпанска тенисерка. 

Наоми Осака, која го запали олимпискиот оган во Токио, ја победи Шуаји Женг од Кина со 6-1 и 6-4, во дуел кој траеше еден час и 29 минути. Осака во второто коло ќе игра против Викторија Голубиќ од Швајцарија.

Пласман во следната рунда обезбедија и Сабаленка и Суарез Наваро.