• Саше Љолес
Чичкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, Тони Надал, повторно привлече внимание со една своја изјава, а овој пат се осврна на ривалството помеѓу Јаник Синер и Александар Зверев.
Надал откри дека Зверев има посебен респект кон Синер, до тој степен што го смета речиси за непобедлив.
„Го прашав со кого повеќе би сакал да игра, со Синер или со Алкараз, и ми рече Алкараз. За него, Синер веќе тогаш беше недостижен и претставуваше вистинска ноќна мора“, рече Надал.
Тој додаде дека не е нормално финале меѓу првиот и третиот тенисер во светот да заврши толку убедливо, алудирајќи на доминацијата на Синер над Зверев.
Изјавите доаѓаат по убедливата победа на Синер над Зверев во финалето на Мастерсот во Мадрид, каде Италијанецот уште еднаш ја потврди својата светска класа.