Надал започна да го тестира сервисот, сѐ уште неизвесен неговиот настап во Лондон

Надал тест

Рафаел Надал ги прави првите тестови на адаптација во Лондон, каде понеделник се очекува да излезе на терен против Александер Зверев.

Шпанецот има мала повреда поради која се уште не знае дали ќе настапи на завршниот турнир. Засега тој и неговиот тим внимателно тренираат, а во наредните неколку дена ќе го тестираат сервисот.

Порака од Надал до фановите:

„Здраво на сите. Вчера направив преглед во Мајорка и покрај тоа што имам мало истегнување на стомачен мускул, ќе бидат во Лондон. Четврток и петок ќе започнам со адаптација и првични тестови на сервисот. Идејата е да играм на завршниот турнир. Ви благодарам на поддршката!“.

Надал се врати на врвот на АТП листата, место кое ќе го загуби доколку не се појави на терените во „О2 Арена“.