Надал започна бавно, па го „прегази“ Карено-Буста за полуфинале во Париз

Надал Рафаел

Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на Мастерс турнирот во Париз со денешната победа над Пабло Карено-Буста (4-6, 7-5, 6-1).

Првиот сет донесе надигрување до 3-3, а потоа се случи клучен брејк, и тоа на страна на аутсајдерот. Карено-Буста го одзеде сервисот на сонародникот и до крај ја сочува предноста за да поведе во четвртфиналниот дуел.

Долго време тој одолеваше на нападите на Надал, но на крај попушти во завршницата од вториот сет. Се играше 11. гем, кога првиот носител на турнирот одигра поквалитетно од противникот и се избори за одлучувачи трет сет.

И како по обичај, Надал го подигна нивото на игра и стигна до брејк предност без загубен поен на противничкиот сервис. Од тој момент пропаднаа во вода сите шанси за Карено-Буста, кој не освои ниту еден гем и го призна поразот.

Надал го чека противникот од вечерашното соочување меѓу Вавринка и Зверев.