Надал загубил само ДЕСЕТ СЕТА на патот до 14-те титули во Париз

Тековната сезона донесе уште една потврда дека Рафаел Надал е неприкосновен „крал“ на земја.

Новата титула на Ролан Гарос за 36-годишниот ас од Мајорка стигна по три рутински сета во финалето против Каспер Руд. Норвежанецот немаше одговор за играта на големиот фаворит и на крај можеше само да му го честита новиот голем успех во Париз.

Колку шпанскиот тенисер е доминантен на овој турнир покажува статистиката дека загубил само десет сета на патот до 14-те титули во француската престолнина. Четири пати стигнал до трофејот без загубен сет (2008, 2010, 2017, 2020), трипати загубил само еден сет (2007, 2012, 2018), двапати два сета (2014, 2019), четири пати три сета (2005, 2006, 2011, 2022) и само еднаш четири сета (2013).

Надал е дел од „големата тројка“ на тенисот заедно со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Тој ја предводи листата најуспешни тенисери на Грен слем турнирите со 22 одличја, две повеќе во однос на големите ривали.