Надал загуби само еден гем од Шарди и го одигра најмоќниот овосезонски меч

Можеби најдобриот тенисер на земјена подлога на сите времиња, Рафаел Надал, уште еднаш ги одушеви своите фанови, овој пат со својот овосезонски деби настап на Мастерсот во Рим. 

  • Поен на мечот: 

„Бикот од Мајорка“ ја одигра најмоќната партија оваа сезона и го растури францускиот тенисер Жереми Шарди, дозволувајќи му да освои само еден гем. Првиот сет заврши со перфектни 6-0 за Надал, додека во вториот сет Французинот едвај се избори за еден гем, за конечни 6-1 и голема победа на Рафа. 

Неочекувано по само еден ден дома се враќа хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, затоа што со 2-6, 3-6 беше надигран од Германецот Штруф, додека Кеи Нишикори без многу проблеми го совлада Фриц.