Надал загуби од Ван Де Зандшулп, Шпанија со проблеми во дуелот со Холандија

Шпанецот Рафаел Надал загуби на стартот од завршниот турнир во Дејвис Купот, откако беше поразен од Холанѓанецот Ботик Ван Де Зандшулп со 2-0, по сетови 6-4 и 6-4.

Славниот тениски ас пружи максимално силен отпор, но двапати го загуби сервисот во клучните моменти и му дозволи на ривалот да го направи исчекорот кон победата, За Надал ова може да биде и последен натпревар во кариерата, но тоа ќе стане појасно откако ќе се комплетираат останатите мечеви и ќе биде позната бодовната ситуација. 

Шпанецот имаше емотивно претставување пред публиката во Малага, која допатува од разни страни на светот за да ги проследи последните мечеви во кариерата на легендарниот тенисер, освојувач на 92 титули во сингл-конкуренција, од кои дури 22 се од Грен Слем турнирите.