Надал за време на олимпискиот турнир им се враќа на тениските терени 

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најави враќање на тениските терени на Сити Опен во Вашингтон. Трофејниот тенисер претходно потврди дека ќе ги пропушти Вимблдон и Летните олимписки Игри, поради ситна повреда со која се здоби по настапите на Ролан Гарос.

Надал никогаш во својата кариера не играл на овој турнир АТП 500 серијата, но овој пат смета дека  учеството на овој турнир ќе му биде еден вид на главна подготовка за последниот овосезонски Грен Слем, УС Опен.

Последниот меч кој Надал го одигра оваа сезона беше против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос. Турнирот во Вашингтон се одржува од 31 јули до 8 август.