Надал за исфрлањето на Новак: Не треба така да реагира, мора да се контролира бесот

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ несреќно беше елиминиран во осминафиналето од УС Опен. Србинот го играше својот дуел против Карењо Буста, кога со топче погоди судијка, поради што доби директна дисквалификација од турнирот. 

Големиот ривал на терените, Рафаел Надал со кого може да се судри на Мастерсот во Рим, во една изјава не го одбрани Новак, а кажа дека смета како таквите работи не треба да се прават и нервозата мора да се контролира. 

„Тоа се работи кои не треба да ги правите. Многу е важно да го контролирате бесот и нервите на теренот. Во спротивно може да дојде до несреќен случај, како што му се случи на Новак“, изјави Надал. 

Освен на Мастерсот во Рим, најдобропласираните тенисери ќе бидат главни конкуренти и за титулата на Роланд Гарос на крајот од месецов.