Надал: За голема среќа нема двајца како Федерер на овој свет

Федерер Надал ривалство

Шпанецот Рафаел Надал го победи Роџер Федерер во полуфиналето на Ролан Гарос и се пласира во 12-то финале во својата кариера.

Мечот донесе три сета и убедлив триумф на тенисерот од Мајорка кој по истиот испрати комплименти на сметка на својот противник и голем ривал.

„Федерер одигра одлично во вториот сет, реши да биде агресивен. Сепак, ветрот имаше улога во целиот меч. На крај фалеа детали за да направи брејк тој или јас.

За мене победата е од огромно значење и мислам дека публиката уживаше во играта на Роџер. Добро е што се врати во Париз. Немам друг ривал како него, за среќа нема двајца на овој свет. Крајот е блиску, да бидеме реални, нема да играме уште десет години тука“ , рече Рафа.

Надал ја зголеми предноста во меѓусебните дуели со Федерер и сега има водство 24-15.