НАДАЛ ВЛАДЕЕ СО ПАРИЗ: Тием без сили за изненадување во финалето на Ролан Гарос

Надал победа

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја одбрани титулата на Ролан Гарос и го совлада Доминик Тием од Австрија со 3-1 во сетови (6-3, 5-7, 6-1, 6-1).

Финалниот меч донесе возбудлива игра и 12-ти трофеј во кариерата на 33-годишникот од Мајорка. Тој ја продлабочи својата легенда на терените во Париз и продолжи да се искачува на листата на Грен слем освојувачи. Сега заостанува само со два турнири зад лидерот Роџер Федерер (20).

Почетокот на мечот, поточно првите неколку поени, најавија атмоски тенис и уживање за навивачите. Двата тенисери тргнаа добро, но Шпанецот беше тој кој што го зададе првиот удар. Направи брејк и поведе со 6-3.

На тоа, Австриецот возврати во иста мера во вториот сет. Но, за израмнувањето мораше да се бори долго време и да го одземе сервисот на противникот во завршницата од сетот. Следуваше мирен период од дуелот во кој доминираше бранителот на титулата. Рафа направи два брзи брејка и стигна до убедливи 6-1 во третиот сет.

Откако Тием пропушти брејк шанса во првиот гем од четвртиот сет, Надал ја искористи приликата и поведе со 2-0. Тенисерот од Мајорка продолжи да „гази“ и се одлепи на недостижни 4-1 со кои ја запечати судбината на противникот.

Австрискиот тенисер се обиде на сите начини да го направи мечот што поинтересен, но формата на вториот светски рекет беше предобра за неговите квалитети. Мечот траеше нешто повеќе од три часа и донесе среќен крај за „кралот“ на земја.