Надал: Веднаш би потпишал да завршам со 24 Грен слем титули...

Надал

Рафаел Надал се израмни по бројот на Грен слем титули со Роџер Федерер и во наредниот период ќе атакува да го престигне големиот ривал.

„Големата тројка“ и натаму доминира со светскиот тенис, а новата генерација играчи сè уште не го нашла лекот, барем кога се работи за големите турнири. И во сезоните кои доаѓаат Надал, Федерер и Ѓоковиќ ќе бидат најголеми фаворити за освојување на престижните трофеи во Мелбурн, Лондон, Париз и Њујорк.

„Потпишувам да завршам со 24 титули. Дај ми ја хартијата, потпишувам веднаш. Мислам дека фановите имаат многу верба во нас (големата тројка). Времето минува за сите: за мене, за Роџер, за Новак... Можеби Новак малку заостанува во однос на Грен слем турнирите, но можеби тој е оној со најдолг период пред себе до крајот на кариерата“, вели Шпанецот.

Тројцата тенисери се борат за приматот „најдобар на сите времиња“, за што ќе може да се зборува на крајот од нивните кариери.