Надал: Укинете го вториот сервис за мечевите да бидат повозбудливи

Непосредно пред почетокот на Ролан Гарос, еден од најголемите тениски асови на сите времиња и несомнено најдобриот на земјена подлога, Рафаел Надал ја разбранува јавноста со својата оригинална идеја.

Шпанецот смета дека правилото за втор сервис треба да се укине и играта би добила на квалитет и возбуда. 

„Ако јас се прашувам, би го укинал вториот сервис. Мечевите ќе бидат поинтересни, а може и да се заштеди многу време. Меѓу првиот и вториот сервис поминува многу време“, вели Надал.

Промената на правилата во тениските мечеви е во мода, но баш овој нема едноставно да помине меѓу челниците на тенискиот спорт.