Надал тврди: Зверев ќе го победеше Ѓоковиќ ако играа финале на Австралија Опен

Познатиот шпански тренер Тони Надал изнесе став дека Александер Зверев во овој момент прикажува повисоко ниво на игра од Новак Ѓоковиќ.

Германскиот тенисер беше на чекор до пласман во финалето на Австралија опен, бидејќи во полуфиналниот дуел имаше меч-топка за победа против Карлос Алкараз, но во пресудните моменти целосно попушти.

„Зверев се соочува со сериозен ментален притисок. Премногу размислува за самата победа. Имаше контрола над мечот, можност да го освои и вториот сет. Кога сервираше за победа, го загуби гемот. Сервисот му е најсилно оружје, успеа да се врати во мечот, да избори петти сет, повторно сервираше за победа и пак не успеа да ја заврши работата“.

Надал смета дека Зверев во моментов претставува исклучително опасен противник.

„Во овој момент, според мое мислење, тој е дури и пред Ѓоковиќ по квалитетот на игра, но му недостига завршниот чекор. Да го совладаше Алкараз, речиси сигурно ќе го освоеше турнирот. Таква титула би му симнала огромен товар и би променила сè кога станува збор за неговите Грен слем амбиции“, рече Тони Надал.

Инаку, Алкараз во големото финале го совлада Новак Ѓоковиќ во четири сета и за првпат триумфираше на Австралија Опен.