Надал: Тенисерите патуваат и менуваат хотели секоја седмица, не треба да се игнорираат...

Вториот рекет на АТП листата, Рафаел Надал, не верува дека тенисот наскоро ќе им се врати на терените, а доколку се случи тоа сигурно нема да биде под нормални услови.

Поради претпазливост од ширење на вирусот ковод-19, суспендирани се сите тениски турнири најрано до први август, но ниту овој датум не е гаранција дека тенис ќе има ова лето.

„Од моја гледна точка, јас сум многу песимист дека АТП-турот ќе продолжи со нормални активности. Во тенисот патувате секоја недела, одите во хотели во различни земји. Дури и ако играте без публика, за организација на турнирите потребни се многу луѓе, кои не можат да бидат игнорирани. Јас гледам голем проблем на меѓународен план. Сепак, се надевам дека во прашање се месеци, а не години. Многу луѓе ги загуибија своите работни места, па затоа мора да се преземе нешто“, рече Надал во изјавата за Тениската федерација на Шпанија.

Поради пандемијата, Ролан Гарос е презакажан за септември, додека за првпат по Втората светска војна Вимблдон нема да се одржи.