Надал стигна до 200 победи на Грен слем турнирите и се приклучи на „Клубот 200“, кој брои осум тенисери

тенисери со 200 победи

Со победата над Факундо Богнис, Рафаел Надал стана осмиот тенисер, кому му успеало да стигне до 200 победи на Грен слем турнирите. На листата се наоѓаат имиња како Роџер Федерер, Џими Конорс, Андре Агаси, Иван Лендл, Рој Емерсон, Новак Ѓоковиќ и Пит Сампрас. 

  • Роџер Федерер (302 победи)

Швајцарецот е прв на оваа листа со 302 победи и 50 порази на Грен слем турнирите и тоа Австралија опен (80-13), Ролан Гарос (65-16), Вимблдон (79-10) и УС опен (78-11). Федерер е и рекордер и по бројот на освоени титули (17): 4 во Мелбурн, 1 во Париз, 7 во Лондон и 5 во Њујорк. 

  • Џими Конорс (233 победи)

Конорс има 233 победи и 49 порази и тоа: Австралија опен (11-1), Ролан Гарос (40-13), Вимблдон (84-18) и УС опен (98-17). Американецот има вкупно осум Грен слем титули: 1 во Мелбурн, 2 во Лондон и 5 во Њујорк.

  • Андре Агаси (224 победи)

 Американскиот тенисер има 224 победи и 53 порази: Австралија опен (48-5), Ролан Гарос (51-16), Вимблдон (46-13) и УС опен (79-19). Агаси има осум Грен слема од кои 4 во Мелбурн, по 1 во Париз и Лондон и 2 во Њујорк.

  • Иван Лендл (222 победи)

Лендл има скор од 222 победи и 49 порази: Австралија опен (48-18), Ролан Гарос (53-12), Вимблдон (48-14) и УС опен (73-13) и има освоено осум титули од кои 2 во Мелбурн и по 3 во Лондон и Њујорк.

  • Рој Емерсон (217 победи) 

Емерсон има вкупно 217 победи и 12 Грен слем турнири: 6 во Мелбурн и по 2 во Париз, Лондон и Њујорк.

  • Новак Ѓоковиќ (216 победи) 

Србинот има скор од 216 победи и 34 порази: Австралија опен (57-6), Ролан Гарос (50-11), Вимблдон (52-8) и  УС опен (57-9). Моментално најдобриот тенисер има 11 Грен слема: 6 во Мелбурн, 3 во Лондон и 2 во Њујорк.

  • Пит Сампрас (203 победи)

Американскиот тенисер ја заврши кариерата со 203 победи и 38 порази на Грен слем турнирите: Австралија опен (45-9), Ролан Гарос (24-13), Вимблдон (63-7), УС опен (71-9). Сампрас долго време беше рекордер по бројот на Грен слем титули со 14: 2 во Мелбурн, 7 во Лондон и 5 во Њујорк.

  • Рафаел Надал (200 победи)

Шпанецот е последниот на листата со скор од 200 победи и 30 порази: Австралија опен (45-10), Ролан Гарос (72-2), Вимблдон (40-9) и УС опен (43-9). Рафа има освоено 14 титули од кои 1 во Мелбурн, 9 во Париз, 2 во Лондон и 2 во Њујорк.