Надал стартуваше перфектно, победен Ѓере за неполни два часа

Српскиот тенисер Ласло Ѓере беше лесен плен за светскиот рекет број два, Рафаел Надал на стартот на Австралија опен. Шпанецот славеше во три сета со 6-3, 6-4, 6-1. 56-от играч во светот, загуби по еден час и 52 минути, а Надал покажа позитивни вибрации на теренот. 

Рафа поведе со 5-1 во првиот сет со два брејка, па иако Ѓере врати еден брејк во седмиот гем, Шпанецот ја задржа предноста и поведе во мечот. Во третиот гем од вториот сет, Надал пак му го одзеде сервисот на Ѓере и лесно и брзо го приведе дуелот при крај. 

Иако претходните денови се шпекулираше дека Шпанецот има сериозни проблеми со повреда на грбот, тој изгледаше максимално подготвен на теренот.

Во второто коло, Надал ќе игра против подобриот од мечот помеѓу српскиот тенисер Виктор Троицки и Американецот Мајкл Мо.