Надал сруши рекорд на Федерер со втората победа во Монтреал

Рафаел Надал

Првиот фаворит за титулата во Монтреал, Рафаел Надал, според очекувањата ја прескокна и втората пречка.

Шпанецот го победи Гуидо Пела и со тоа сруши рекорд на вечниот ривал Роџер Федерер. До вчера, двајцата великани на белиот спорт беа на врвот според бројот на победи на Мастерс 1.000 турнирите.

Сега тенисерот од Мајорка се осамостои на врвот со 379 победи, една повеќе од швајцарскиот ас.

Надал е пред конкуренцијата и по бројот на освоени титули со 34. Една помалку има Новак Ѓоковиќ, а Федерер заостанува со 28.