Надал: Среќен сум што со Федерер сè уште сме дел од тенискиот крем! 

Утрешниот ден од Вимблдон ќе ни донесе финале пред финалето. Двете легенди Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе се сретнат во полуфиналето на третиот овосезонски Грен слем, првпат по 11 години на англиската трева. 

Освојувачот на Ролан Гарос е среќен што повторно ќе се сретне против големиот ривал, а особено е задоволен што двајцата тенисери сè уште се дел од тенискиот крем. 

„Чувството да се биде помеѓу најдобрите е одлично, а исто така и да се игра тенис на вакво високо ниво. Среќен сум поради начинот на кој дојдов до овде. Надигрувањето со Федерер секогаш е посебно за мене. Ме радува што повторно ќе имам прилика да игра против него на значаен турнир и фаза секако. Се помалку се сретнуваме еден против друг, но добро е што сме повторно тука, во самиот крем од тенискиот свет“, рече Надал.

Според очекувањата швајцарскиот ас е голем фаворит на овој меч, но Надал на изненадување игра фантастично на тревната подлога на Вимблдон, што наговестува вистински спектакл, кој започнува утре не пред 14:00 часот.