Надал спаси меч топка, за да го елиминира 18-годишниот Зверев

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати од невозможна позиција и спаси меч топка против 18-годишниот Александар Зверев од Германија, за да го совлада во три сета (6-7/8, 6-0, 7-5).

Нешто повеќе од два и пол часа траеше мечот на Надал и Зверев, во кој беа присутни сите убавини на белиот спорт. Германецот го доби првиот сет во тај-брек, но потоа Надал без загубен гем возврати во вториот сет. 

Третиот беше нова демонстрација на квалитетите на Зверев. Младиот сервер имаше меч топка на 5-3 и навидум едноставен волеј, но наместо во поле Зверев погоди во мрежата. Подоцна Надал го доби тој гем и наредните три и триумфираше со 7-5. 

Во четвртфиналето е и Гаел Минфилс, кој го победи Федерико Делбонис од Аргентина со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).