ВИДЕО: Надал со невозможен „дроп-шот“ ги сруши сите надежи на Тием

Финалето на Ролан Гарос меѓу Рафаел Надал и Доминик Тием донесе многу убави поени и потези на двата тенисери, на кои најмногу се израдуваа гледачите.

Победата на крај ја однесе Шпанецот, а тој беше човекот кој што го реализираше најубавиот поен на мечот. Истиот се случи во третиот сет кога се чинеше дека австрискиот тенисер конечно ќе го пробие „шпанскиот ѕид“, но на крај доби лекција на која можеше само да честита.

33-годишниот шампион најпрво едвај се спаси и го врати топчето, а потоа на мајсторски начин освои поен на мрежа. Публиката му даде стоечки овации, а противникот со еден гест му честита за направеното.

За Надал ова е 12-титула во Париз, а 18-ти Грен слем трофеј во неговата кариера.