Надал „склопи“ перфектен тенисер: По нешто од Роџер, Новак, но и Алкараз

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал доби интересно прашање. Тој требаше да одбере поединечни сегменти од колегите и да го „склопи“ перфектниот тенисер. „Бикот од Мајорка“ не одби и бираше по некоја карактеристика од себе и колегите. 

Во својот избор Надал ги вклучи и неговите најголеми ривали Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, со кои низ годините се бореше за најголемите трофеи во тенисот. Тој вклучи уште двајца поранешни тенисери, Иво Карловиќ и Радек Штепанек, а тука беше и младиот Карлос Алкараз. 

  • Перфектниот тенисер според Рафаел Надал:

Сервис - Иво Карловиќ
Волеј - Радек Штепанек
Форхенд - Роџер Федерер
Бекхенд - Новак Ѓоковиќ
Фитнес - Карлос Алкараз
Менталитет - Рафаел Надал.

Инаку, по долга пауза Рафа се враќа на терените во јануари. Пред Шпанецот е настап на турнирот во Бризбејн од 31 декември до седми јануари, а тоа ќе биде во склоп на подготовките за Австралија Опен кој стартува на 14 јануари.