Надал: Што значи поразот од Циципас? Само дека нема да играм финале

Рафаел Надал ја продолжи црната серија порази на земјена подлога, откако вчера беше елиминиран во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид. 

Шпанскиот ас беше надигран од младиот Грк, Стефанос Циципас, но она што е алармантно е фактот дека сè уште е без трофеј на оваа подлога, нешто што последно му се случи во 2004 година.

„Ја знам играта на противникот, знам како темпо наметнува, знаев што треба да направам, но очигледно не бев способен за тоа. Не успеав да го спроведам она што сакав. Што значи овој пораз? Само дека нема да играм утре. Тенисот се состои од победа и пораз. Оваа сезона за разлика од претходните, сè уште сум без трофеј на земјена подлога и тоа морам да го прифатам“, рече Надал. 

20-годишниот Циципас во големото финале во Мадрид (18:30 часот) ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ, кој вчера по два тај-брејка го совлада Доминик Тием.