Надал сервираше за победа, но Медведев се издигна и обезбеди Мастерс-финале

Можеби тениските романтачари посакуваа финале на завршниот Мастерс меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, но наместо двете легенди во утрешното финале ќе се сретнат Данил Медведев и Доминик Тием

Надал останува без освоен Мастерс Куп, а денес беше многу блиску да го победи Медведев и да се избори за место во финалето. Имено, Шпанецот сервираше за победа и пласман во финалето, но Медведев покажа ментална стабилност, се врати во сетот, го доби тај-брејкот и потоа доминираше и во третиот сет (3-6, 7-6/4, 6-3).

Заморот го стигна Рафа Надал и сервисот не го посака кога јамногу му требаше. Кога се чинеше дека во завршницата на двата сета психолошки ќе го уништи Медведев, седум години помладиот тенисер покажа конзистентност и првпат во кариерата го совлада Надал во четвртиот обид.

Големото финале меѓу Тием и Медведев се игра утре од 21:00 часот.