Надал: Секако дека ќе имам многу сомнежи околу мојата игра

Рафаел Надал

Рафаел Надал започна да тренира со посакувано темпо и најавува дека ќе биде подготвен за почетокот на новата сезона.

Прв предизвик за Шпанецот ќе биде Австралија опен. Турнирот во Мелбурн го има освоено само еднаш во кариерата, па ќе се надева на нов успех на почетокот од 2022 година.

„Моја цел моментално е да се вратам на 100%. Знам дека тоа ќе биде комплициран процес бидејќи трае многу месеци, но имам ентузијазам во себе и тоа е она што треба да ми овозможи да имам добра шанса за успех следната сезона. Вистина е дека како што старееш, процесот на заздравување станува потежок, но јас сум многу возбуден за она што следува. Секако дека ќе имам многу сомнежи околу мојата игра, но свесен сум за тежината на процесот, сум бил во слична позиција многу пати во мојата кариера“, вели тенисерот од Мајорка.

35-годишникот ги разочара своите фанови и стави крај на сезоната во август. Последен пат се појави во Вашингтон, а потоа се соочи со повреда на стапалото, која го натера да прави пауза неколку месеци.