ВИДЕО: Надал се врати со тричасовна борба и тешка победа над Џек Сок

Со тешко издвојувана победа во три сета, Рафаел Надал се врати на тениските терени, подготвувајќи се за УС Опен. Шпанецот се пласира во третото коло на АТП турнирот во Вашингтон, откако во првото беше слободен, а ноќва се намачи да го елиминира Џек Сок во второто коло.

Шпанецот славеше со 2-1 во сетови (6-2, 4-6. 7-6/1) за три часа и пет минути игра, покажувајќи неконзистентност во играта. Вториот сет беше катастрофален, а и во третиот „бикот од Мајорка“ имаше проблеми со сервисот на Американецот. 

Надал покажа знаци на замор и повреда. но го доигра и доби мечот кој се одигра пред 7.500 гледачи. Јужноафриканецот Лојд Харис е следниот ривал на светскиот рекет број два.

МекДоналд го елиминира Пер во три сета, Нишикори беше подобар од Казахстанецот Бублик, а Белорусинот Ивашка го изненади Григор Димитров. Опелка, Милман и Беранкис исто така обезбедија пласман во следната рунда.