Надал одигра со стил, Делбонис освои само три гема

Надал

Шпанскиот ас Рафаел Надал на одличен начин се врати на тениските терени и го збриша Федерико Делбонис од Аргентина (6-1, 6-2) на стартот од турнирот во Монте Карло.

„Кралот на земја“ не дозволи ни малку надеж за противникот на оваа средба. Со два брејка во своја корист фаворитот стигна до почетна предност во првиот сет.

Со два брзи брејка на стартот од вториот сет Надал стигна до 3-0. Потоа аргентинскиот тенисер на момент ја врати неизвесноста со одземање на противничкиот сервис, но остана без сили во продолжението.

Следен ривал за Шпанецот ќе биде Григор Димитров, кој го доби дуелот со Жереми Шарди.